X
 04.07.2016 Наука

НАСА ги откри убавините од огромното поларно шоу на Јупитер

Дали сте виделе огномет на Јупитер?


Астрономите објавија зачудувачки слики, сликани со вселенскиот телескоп „Хабл“ од гигантските аурори на Јупитер, што се всушност светлосно шоу предизвикано од високо енергетските честички кои влегуваат во атмосферата на планината близу нејзините полови и нивно несовпаѓање со гасните атоми. Тие се стотици пати посилни од честичките на Земјата, чија сила се должи на многу посилното магнетно поле на Јупитер.

За разлика од нашата планета, овие поларни светлосни прикази не се создадени од само соларните ветрови, туку и од честичките од Јо, јупитеровата месечина. Најголемата планета во сончевиот систем е веќе позната по шарените бури, посебно нејзината „Голема црвена точка“ која е широка колку три Земји.

Научниците од НАСА сега го имаат свртено своето внимание кон половите за да разјаснат како аурорите одговараат на тие промени. Тие се' уште треба да пресметааат колку огромни се овие аурори.

„Овие аурори се многу драматични и и најактивни до сега,“ вели Џонатан Николс, кој го подржува истражувањето.

„Скоро изгледа како Јупитер да прави журка со огномети за неизбежното пристигнување на Јуно“. Тоа би било неговиот вселенски брод, што се очекува да го достигне Јупитер на 4ти јули, пенетрирајќи го најсилното магнетно поле во сончевиот систем - 20.000 пати посилно од полето на Земјата.

Истражувањето има за цел да ја заокружи планетата во 37 орбити, искачувајќи се 5.000 км над облаците, и мерејќи ги микробрановите кои доаѓаат од внатрешноста од атмосферата и пресликување на магнетното поле.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука