X
 07.04.2016 Наука

Кој е изворот на мистериозните радио сигнали забележани од вселената?

Пред два месеци, астрономите забележале и лоцирале необични радио сигнали од вселената, предизвикувајќи дебата за изворот на сигналите. Сега, конечно знаеме кој е изворот на овие сигнали. Не се вонземјани.


- Дел од процесот е истражување на откритијата за да се види што ќе откријат. Во овој случај, изгледа дека постои поздодевно објаснување за оригиналниот радио сигнали - изјави астрономот од „Харвард“, Питер Вилијамс.

Тој е еден од авторите на истражувањето кое штотуку било прифатено од страна на „Astrophysical Journal Letters“. Ова „здодевно објаснување“ е поврзано со масивна црна дупка.

Во текот на изминатите девет години, астрономите забележувале радио сигнали кои пристигнувале од многу далеку. Овие сигнали траат само неколку милисекунди и најчесто се откриваат откако се пуштени. Пред два месеци, научниците успеале да детектираат вакви сигнали во реално време, поради што успеале и да ги лоцираат - во галаксија на 6 милијарди светлосни години оттука.

По детално набљудување на галаксијата од која доаѓале сигналите, научниците го откриле изворот - масивна црна дупка во центарот на галаксијата, која испуштала пулсеви од радио сигнали.

Сепак, научниците забележувале радио сигнали долго време и не ја откриваат локацијата за сите, па мистеријата сè уште не е целосно решена.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука