X
 09.06.2021 Живот

Со помош на забавено движење, овој фотограф им пркоси на времето и просторот

„Играње со време“ е ново видео од 1,5 минута што го „буди“ умот, а за кое креаторот вели дека им пркоси на времето и просторот.

Видеото е направено во забавено движење и е создадено со брза камера и паметно планирање и уредување.

Бен Уаниче, директор за визуелна уметност од Израел, кој го основал проектот „Макро рум“ во 2016 година, го снимил видеото со „Хронос 2.1“ камера со висока резолуција.

Откако биле направени потребните снимки, вистинската „магија“ била направена во текот на фазата на уредување.

- Користејќи ротоскопирање и „Алфа мат“ во „Афтер ефектс“, успеав да одделам различни снимки и повторно да ги направам за да создадам илузија на продолжена снимка - вели Уаниче.

Дел од инспирацијата за видеото произлегла од филмот „Тенет“ на Кристофер Нолан.

- Цел ми беше да создадам нов вид видеозапис. Сакав да создадам беспрекорни резови во бавно движење. Ова бараше прецизно планирање и спроведување многу тестови за сè да функционира - вели Бен.

Голем дел од интернет-корисниците веднаш претпоставија дека делови од видеото биле создадени со помош на компјутерски генерирани слики, иако не е тоа случајот.

- На видеото нема 3Д или симулации на кој било начин. Сето тоа е вистинска снимка и композиција - вели Уаниче.

Повеќе дела од Уаниче можете да најдете на неговиот популарен јутјуб-канал „Макро рум“, на кој има над 1,3 милион следбеници.



Извор: Petapixel.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот