X
 07.11.2015 Технологија

Бесплатни корисни апликации за наставници, ученици и родители

Дали навистина сакате вашите ученици да бидат повеќе вклучени и активно да учествуваат во активностите?

 

апликација


Доколку одговорот е позитивен, ова можете да го направите со користење на неколку апликации кои се бесплатни. Апликациите не само што ќе ви заштедат време, туку и ќе ве мотивираат да ги поттикнете учениците.

1. Subtext

Кога сакате вашите ученици да бидат вклучени во дискусии за дигитални книги, Subtext е идеална апликација која ќе ви овозможи да го соберите целиот клас заедно на едно место и со сите да разменете гледни точки и идеи во врска со дигиталната книга. Најважно е тоа што можете да ги вклучите вашите студенти во практиката на пишување и аналитички вештини, со помош на материјали и интерактивни квизови.

2. Kindle

Апликација за iPod, iPhone и iPad која на учениците, наставниците и професионалците им овозможува да читаат голем број на книги од продавницата во која се наоѓаат над милион книги, списанија и весници.

3. TeacherKit

Како одговорен наставник, треба да бидете добро организирани, а тоа можете да го направите со користење на TeacherKit која е бесплатна апликација за организирање часови и настава со помош на различни карактеристики и опции за следење на оценките на учениците како и нивно присуство.

4. EarthViewer

Оваа апликација е неверојатна временска машина која може да им помогне на корисниците да ја истражуваат историјата на земјата која е постара од 4.5 милијарди години. Можете да менувате континенти со ексклузивни податоци за соларна луминоност, должина на денот, температура, биолошка разновидност и атмосферскиот состав кој ќе ви овозможи да добиете подобар и појасен поглед на Земјата.

5. Wikitouch

Со помош на Wikitouch, ќе можете да создадете корисни белешки користејќи го вашиот iPad, iPod или iPhone. Можете да добиете бесплатна верзија од апликацијата, меѓутоа треба да имате во предвид дека постојано излегуваат реклами кои знаат да бидат иритантни, но од ова може да се ослободите ако ја надоградите апликацијата.

6. Edmodo

Edmodo е развиена социјална платформа која може да ја користат учениците, наставниците и родителите. Оваа програма може да биде интегрален дел од активностите во училницата со користење на голем број апликации. Всушност, Еdmodo може да го направи вашиот живот многу полесен од било кога со тоа што ќе ги вклучи вашите ученици во приватен и безбеден форум за дискусија кадешто можете да постирате задачи, да прикачувате и споделувате датотеки и да создадете книга за оценки.

7. Pocket


Кога пребарувате, често пати наидувате на интересни вести, статии, видеа и друг тип на веб страни кои сакате да ги видете, погледнете или прочитате подоцна. Ако ги ставите во оваа апликација, можете да добиете пристап до нив подоцна, без разлика на тоа каде сте. Откако ќе додадете нешто на Pocket, ова ќе биде синхронизирано автоматски на сите ваши компјутери, таблети и телефони, а најдобро е тоа што не мора да имате интернет конекција за да имате пристап до нив.

8. WordWeb Dictionary

Овој речник ви дава пристап до побрзо пребарување на дефиници, синоними, примери, поврзани зборови и предлози за спелување. Исто така, достапна е аудио верзија на речникот.

9. Common core standards

Оваа апликација е одлична референца за наставниците, учениците и нивните родители кои лесно можат да ги разберат основните стандарди. Апликацијата им овозможува на корисниците да добијат пристап до јазичните вештини и математичките стандарди.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија