X
 07.03.2019 Култура

„Игра на троновите“: Што да очекуваме од финалето?

Првиот целосен трејлер за најновата сезона на „Игра на троновите“ беше објавен во вторникот. Фановите веднаш почнаа да го анализираат двеминутното видео и да бараат индикации за тоа што би се случило во последната сезона.

Ова се неколку предвидувања за последната сезона и за тоа кој би можел да седне на Железниот трон.

Внимание: Содржината подолу содржи спојлери.


Мајката на змејовите

serija
Фото: HBO

- Има неколку сцени со змејовите, меѓу кои и сцената во која Арја ги запознава првпат. Интересно е да се види и како ќе се развива врската помеѓу Џон Сноу и Денерис Таргариен - велат фановите.

Тие конечно ги здружија силите во седмата сезона, но ни двајцата не знаат дека Денерис му е тетка.

Дали Серсеј е трудна?

2
Фото: НВО

- Ме интересира како Серсеј ќе се снаоѓа сама. Отсекогаш имала многу луѓе околу неа - вели еден од фановите.

Во седмата сезона Серсеј му кажува на нејзиниот брат Џејми дека е трудна пред тој да ја напушти и да се приклучи во борбата против Белите шетачи.

- Тоа беше навистина голем момент од седмата сезона. Дали навистина ја кажува вистината за нејзината бременост? Мислам дека единствената личност што може да ѝ стави крај на Серсеј е Џејми. Би бил слатко-горчлив сјај за неа - вели Џорџ Александер, еден од верните фанови на „Игра на троновите“.

„Ја знам смртта“

arja
Фото: НВО


Лицето на Арја Старк е првото нешто што се појавува на трејлерот. До крајот на седмата сезона таа им се придружи на Брен и Санса во Винтерфел, а Литлфингер беше последната личност што Арја ја уби.

- Ја знам смртта. Таа има многу лица. Едвај чекам да го видам ова лице - вели таа во трејлерот.

Според Џорџ, оваа сцена е дел од најголемата битка што ќе ја видиме помеѓу мртвите и живите.

Како лорд Варис ќе помине за време на борбата?

varis
Фото: НВО


- Едвај чекам да ги видам помалите ликови и што тие планираат - на пример лорд Варис.

До крајот на седмата сезона Варис беше подготвен да се бори со Ноќниот крал.

Кој ќе заврши на Железниот трон?

Џорџ има неколку теории.

- Врз основа на трејлерот, искрено не би бил изненаден ако нема никој на тронот до крајот на оваа сезона.

Според него, премногу е очигледно Денерис и Џон Сноу да седнат на тронот.

- Би сакал тоа да е Санса. Но, не знам. Можеби тоа ќе биде Ноќниот крал? Можеби змеј? - предвидува Џорџ.

- Би сакал да е некој што најмалку ќе очекуваме. Ако Џон Сноу го победи Ноќниот крал, но Белите шетачи не можат да се контролираат, Џон ќе мора да си го забие стаклото од змеј. Тој ќе стане новиот Ноќен крал и ќе ги води Белите шетачи на север и тој ќе стане Кралот на северот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура