X
 02.12.2021 Култура

Омилениот лик од „Куќа од хартија“ ќе добие сопствена серија

Се ближи крајот на големиот хит на „Нетфликс“, „Куќа од хартија“, но креаторите на серијата вчера објавија добри вести за обожавателите. На официјалниот твитер-профил на серијата објавија дека во 2023 година гледачите ќе гледаат серија за еден од најпопуларните ликови - Берлин.

Покрај објавата на социјалните мрежи, на вчерашниот настан во Мадрид веста ја соопшти и Педро Алонсо, кој е во серијата „Берлин“. Оваа серија е спиноф што само ќе ја следи приказната за Берлин.

- Ова е момент за паметење бидејќи претставува крај на еден циклус и почеток на друг - рече Алонсо.

На вчерашното дружење со навивачите во Паласио Висталегре во Мадрид, Алонсо додаде дека серијата е патување во непознатото, но и дека се отворени за сите можности и не поставиле никакви очекувања.

Оваа вест може да развесели многумина што не беа среќни што Берлин беше убиен во втората сезона.

Покрај вестите за овој спиноф, на социјалните мрежи и светските портали се пишува и корејската верзија на „Куќа од хартија“, во која актерката Парк Хе-су ја толкува улогата на Берлин, а оваа верзија ќе биде достапна на „Нетфликс“ во 2022 година.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура