Јужнокорејската серија „Шоуто на осумтемина“ (англ. The 8 Show) неодамна се појави на „Нетфликс“ и за кратко време се најде на листата со најгледани серии.
Заплетот на трилер-серијата следи осум лица кои имаат финансиски проблеми и учествуваат во игри со пари, реален натпревар сместен во мистериозна зграда од осум ката. Колку подолго се во натпреварот, толку е поголема наградата. Цените на сите ресурси, освен храна и вода, се илјада пати повисоки од вообичаените цени, што ги принудува внимателно да одбираат што ќе купат. Додека публиката гледа, овие осум натпреварувачи се принудени да се борат за живот, а ако некој од нив умре, играта е завршена за сите.
Многу корисници на „Нетфликс“ коментираат дека серијата потсетува на „Игра со лигни“, иако дел од нив велат дека оваа трилер-серија е подобра.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube