X
 07.03.2023 Образование

ОАЕ ќе воведат роботи-инструктори во училниците

Роботи наскоро ќе предаваат во училниците во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Ова го најави министерот за образование на земјата, Ахмед Ал Фаласи.

- Во Министерството за образование сме посветени на усвојување врвни технологии и соработуваме со нашите партнери за да развиеме инструктори кои користат вештачка интелигенција за да го подигнеме образовниот систем во ОАЕ - изјави Ал Фаласи.

Ал Фаласи посочи дека Министерството ќе се осигури дека вештачката интелигенција ќе се користи за да се зголеми квалитетот на учењето и образованието, а нема да ги замени наставниците. Тој изјавил и дека Министерството ќе соработува со партнери како „Мајкрософт“ и „Опен АИ“, компанијата која стои зад софтверот „Чет ГПТ“.

Овој софтвер се забранува во образованието во делови од светот, но ОАЕ сака да ја прифати оваа технологија. Ал Фаласи објасни дека се подготвува документација која ќе ги води професорите и наставниците во употребата на ваквите софтвери за да се добијат нивните поволности и да им се помогне на учениците во нивната употреба.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование