Куба води кога станува збор за земји кои најмногу вложуваат во образованието. Дури 12.9 отсто од БДП се одделени за образованието, и со тоа ги надминува дури и нордиските земји, кои за образованието одделуваат околу 7 отсто од БДП.
Ова се неколку факти кои треба да ги земат во предвид и нашите високи функционери, кога станува збор а образованието во Македонија.
1. Уште од 1961 година, образовниот систем во Куба е управуван од државата, која ги национализирала приватните институции во сите нивоа на образование.
2.
Образованието е 100% субвенциониран од владата, што значи дека кубанските ученици и студенти имаат бесплатно образование. Кубанската влада со години вложува значителен дел од својот буџет токму во образованието.
3. Според извештајот од 2014 година од Светската банка, Куба има најдобар образовен систем во Латинска Америка и Карибите. Светската банка исто така ја пофали Куба за нејзиниот успех во областа на образованието и здравството, а тука се и социјалните услуги кои ги надминуваат оние на повеќето земји во развој, а во одредени сектори можат да се споредат со оние во развиените земји. Социјалниот систем на оваа земја обезбедува универзален пристап до образованието и здравствените услуги со што денес во Куба е постигната општа писменост, искоренети се некои болести и обезбеден е универзален пристап до безбедна вода за пиење и основни санитарни услови. Денес Куба има најниска стапка на смртност на доенчиња во регионот како и најдолг животен век.
5. Куба е исто така нација која го распределува најголемиот дел од својот национален буџет, 13 отсто, за образование.
6. Образованието е задолжително за децата на возраст од 6 до 16 години.
7. Учениците посетуваат основно училиште кое трае околу 6 години, а после тоа продолжуваат во средно образование кое е околу 3 до 4 години.
8. По завршувањето на основното секундарно ниво, образованието се дели на две категории: пред-универзитетско образование и техничка или професионална обука. Пред-универзитетското образование ја носи дипломата Бачилерато, додека завршувањето на техничка или професионална обука на студентите им овозможува да се запишат на еден од многуте технолошки институти во земјата.
9. Од рана возраст, децата се индоктринирани во нивните училишта со политичките убедувања на владата кои се поврзани со комунизмот. Родителите кои го кршат овој код со учење на своите деца спротивно од доктрината се соочуваат со можноста за затворска казна.
10. Сите универзитети и технички училишта се управувани од Министерството за високо образование (Ministerio de Education Superior – MES). Одговорностите на оваа институција вклучува управување со училиштата, регулирање на наставата и курсевите, воспоставување на образовни политики и обезбедување дека училиштата се во согласност со владините стандарди.
11. Куба има над 47 универзитети со вкупно упис на над 400.000 студенти. Постари и повеќе познати универзитети во Куба се:
- Универзитетот во Хавана
- Универзитетот Ориенте
- Универзитетот Централ де Лас Вилас
- Универзитетот Католика де Санто Томас де Вилануева
- Универзитетот Масоника
- Универзитетот де Ла Сале ен Нуево Ведадо
12. Условите за упис на универзитетите или техничките институти за високо образование се:
- Студентите мораат да дадат доказ дека завршиле средно образование
- Студентите мораат да го положат приемниот испит
- Машките студенти мораат да покажат доказ за завршена задолжителна воена служба или доказ дека не служеле војска поради медицински причини или семејни обврски.
13. Политичко одобрување: Студентите мораат да добијат одобрение од Комитетот за одбрана на револуцијата пред да им биде дозволено да ги полагаат универзитетските приемни испити. Студентите кои покажуваат добра политичка положба во однос на нивните комунистички верувања добиваат писмо за одобрение кое им одобрува полагање на приемниот испит. Студентите со „лоша“ политичка положба може да се најдат на „црната листа“ која не им дозволува да го продолжат своето образование.
14. Исто така, достапно е образование на далечина за студентите во Куба. Постојат околу 15 центри за образование на далечина низ Куба која ги обезбедува следните кариерни избори: историја, право, финансии и сметководство, економија и наука и технологија. Условите за образование на далечина вклучуваат завршено средно образование, една година работно искуство како и студентите да се меѓу 25 и 35 годишна возраст. За машките студенти се бара доказ за извршен задолжителниот воен рок.
15. Постојат три фази во универзитетскиот образовен систем:
• 1 фаза - Лиценциатура (еднаква на додипломски студии) или професионален степен (Титуло) е првата фаза на универзитетски студии кои бараат завршување на 4-5 години студирање. Медицината може да бара 5 до 6 години студирање.
• 2 фаза - Втората фаза се состои од три нивоа: Дипломадо, Маестриа и Еспецијалиста. Во рамките на секое од овие нивоа, студентите мораат да завршат минимум 200 часа теорија, пракса и стажирање. После завршувањето на оваа фаза, која обично трае две години, студентите ја добиваат дипломата Дипомадо, Маестриа или Еспецијалиста.
• 3 фаза - Третата фаза на високо образование се докторските студии. Студентите мораат да учат 3 до 4 години пред да се кандидираат за докторската програма. Откако кандидатурата ќе им биде одобрена, тие се примени во Докторската програма каде што ги извршуваат нивните научни истражувања, ги бранат нивните наоди и конечно, стануваат доктори на науки.