Telekom Electronic Beats го објави поткастот со ексклузивното интервју со добитничката на пет награди „Греми“ - Били Ајлиш. Во ова специјално интервју, кое ја заокружува 50-тата епизода од серијата Telekom Electronic Beats, Били зборува за тоа како ужива во свое друштво, во моќта да се каже „не“ и во радоста да се чува питбул.
Зборувајќи за нејзините надежи и соништа за иднината, Били изјави:„Го живеам најдобриот период од мојот живот и не сакам да пропуштам ниту еден дел од него“.
- Telekom Electronic Beats постои за да создаде значајни конекции преку музиката и ние сме горди што со помош на поврзаната технологија TEB сѐ уште може да ја исполни својата улога и да ве спои со нештата што ви значат. Целта на Дојче телеком е да бидеме тука за вас за да може вие да бидете тука едни за други во овие тешки времиња - изјави Ралф Лилсдорф, маркетинг-менаџер на меѓународна музика, Дојче телеком.
На прашањето за нејзиниот став за важни прашања преку социјалните медиуми, Били Ајлиш даде коментар: „Тоа е одговорност што секој од нас треба да ја сфати сериозно“.
Најновата епизода од серијата Telekom Electronic Beats е снимена од далечина, поради тоа што Европа и Калифорнија, родната земја на Ајлиш, се соочуваат со ограничувања наметнати со мерките за социјално дистанцирање.
Поткаст-серијата вклучуваше разговори со различни нови и веќе познати уметници од целиот свет на електронската музика, вклучувајќи имиња како Диксон, Чили Гонзалес, Модеселектор, Инга Хумпе и Ричи Хотин.
-Толку многу нешта треба да се променат - вели Ајлиш на прашањето за нејзиното мислење за светот денес.
Поткастот можете да го слушнете на:
Electronic Beats:
www.electronicbeats.net/listen/
Apple подкасти: podcasts.apple.com/de/podcast/electronic-beats-podcast/id1359011924
Spotify: open.spotify.com/show/6lcKx2IcESBRkRrdoqNcMk?si=21dp9vlQQO-SetRW5MenTg
Soundcloud: soundcloud.com/electronicbeatspodcast
(Комерцијална објава)