X
 07.04.2020 Технологија

Роботот со кој НАСА ќе бара вонземен живот

НАСА претстави нов автономен робот наречен БРУИЕ кој планира да го испрати во потрага по вонземен живот. Роботот потсетува на автомобил со кој може да се управува од далечина, но тој е повеќе отколку само две тркала. Роботот ќе може да ја пребарува површината на океаните на далечни планети и месечини со помош на тркалата, кои може да се закачат на замрзнати површини.


Фото: НАСА

БРУИЕ е соработка помеѓу НАСА и Универзитетот во Западна Австралија. Тој засега се тестира на Јужниот и на Северниот Пол. Роботот има независни тркала кои освен што може да возат по замрзнати површини, содржат и инструменти кои препознаваат состојки што ќе бидат корисни за научниците. Во иднина алатките како оние искористени на БРУИЕ ќе бидат најмногу користени за истражување на потенцијални планети со живот.


Фото: NASA

Роботот би можел да биде испратен на мисија до Европа, месечината на Јупитер, за која научниците мислат дека може да биде погодна за живот. Оваа потенцијална мисија би била само почеток.


Извор: futurism.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија