X
 07.08.2016 Наука

Небото ни подготвува вистински метеорски спектакл

Ако временските услови се добри, ноќта помеѓу 11 и 12 август небото ќе ни приреди најубав спектакл во последните неколку децении.

 

небо


Станува збор за метеорскиот туш Персеид, а се очекува дека оваа година ќе може да се видат до 200 метеори на час.

Персеидите се остатоци од кометата Свифт-Татл кои секоја година доаѓаат во допир со атмосферата на Земјата.

Кометата прави по еден полн круг Сонцето на секои 133 години, а метеорите се нејзините остатоци кои во нашата атмосфера влегуваат со голема брзина и согоруваат во неа оставајќи позади себе светлосна трага.

Името го добиле бидејќи доаѓаат од правецот на соѕвездието Персеј. Оваа година ќе можеме да видиме два пати повеќе метеори од минатата година, а истражувачите велат дека причината за тоа е што се близу орбитата на Земјата и се под гравитациско влијание на Јупитер.

Ако времето е убаво, одете до најблиското помалку осветлено место и уживајте во спектаклот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука