Европската здравствена организација објави податоци од спроведеното истражување според кое луѓето во Европа живеат подолго во однос на жителите од останатите делови на планетата.
Во извештајот се наведува дека просечната должина на живот во 2015 година била 77.9 години, што е повеќе од 1 година во однос на 2010 година.
Но, постои јаз од 11 години помеѓу земјите со највисока и најниска очекувана должина на живот. Просечната должина на живот во Луксембург е 83.1 година, додека во Молдавија е 71.6 години.
Според СЗО, пушењето, алкохолот и дебелината се меѓу опасните фактори на ризик што може да го поткопаат напредокот кон шест клучни цели прифатени од СЗО, според инцијативата за здравје.
Целите исто така, вклучуваат намалување на стапката на предвремена смрт, зголемување на очекуваното времетраење на живот и промовирање на универзален пристап до здравствена заштита.
Статистичките податоци покажуваат дека Европа има најголем процент на пушачи. Во 2013 година, 29 отсто од населението, на возраст од 15 години, консумирале цигари во Европа.
Кога станува збор за алкохолот, бројот на луѓе кои го консумираат е поголем во Европа отколку во другите делови од светот. Во текот на 2014 година, биле испиени 8.5 литри чист алкохол, по лице.
Стануваме поголеми
Повеќе од половина од Европејците имаат прекумерна тежина, а тој број расте во поголемиот дел од регионот, вели извештајот.
-Кога ќе погледнеме кај децата, гледаме дека трендовите се навистина алармантни - велат научниците.
Земјите со најголема распространетост на прекумерната тежина меѓу адолесцентите се Гренланд и Грција, каде речиси 40 отсто од 11-годишните момчиња се со
прекумерна тежина или се дебели, врз основа на податоците за 2014 година. Ирска, Данска и Холандија се земјите со најнизок процент на дебелина меѓу младите, под 15 отсто.