X
 07.04.2021 Забава

Норвежанец сакал да ја премине границата скијајќи и да избегне карантин

Норвежанец се обидел да избегне задолжителен карантин во својата земја така што планирал да стигне до Норвешка скијајќи, но лошите временски услови ја спречиле неговата експедиција.

- Сакаше да се врати во Норвешка да земе документи, а потоа повторно да оди во Шведска, каде што има почнато некој градежен проект - вели Тронд Хелге Ронинг од спасувачката група „Норске Фолкхјелп“.

- Но, за да избегне карантин, тој одлучил да ја премине границата над планините, скијајќи - вели Ронинг од Тајдал, село близу до границата со Шведска.

Тоа би било патување низ 40-километарски тежок терен. Но, 50-годишниот човек наишол на лоши временски услови по поминати 25 километри. Бил спасен од локален одгледувач на ирваси, кој им го предал на двајца рибари кои се грижеле за него додека не пристигнале спасувачките служби.

- Беше воден, му беше навистина ладно и беше нервозен. Не му ни падна на памет да се извини за своите постапки - вели спасувачот.

Спасувачките служби се погрижиле за него пред да го предадат на полицијата за кршење на правилата за карантин.

Локалната полиција изјави дека човекот требало да им даде негативен ковид-тест на властите пред да ја премине границата, а потоа да помине 10 дена во карантин во хотел.

- Тоа важи дури и за норвешките граѓани - изјави висок полициски службеник од областа Тронделаг.

Извор: The Guardian
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава