X
 28.03.2020 Здравје

Еден од првите карантини во историјата бил во Дубровник

Карантинот и изолацијата не се нови концепти. Во средновековниот период, кога Европа и Азија биле погодени од чума и сипаници, докторите не знаеле за бактерии и вируси, но знаеле дека треба да ги изолираат заразените за да го спречат ширењето на болестите. Првата официјална наредба за воведување карантин била издадена од Рагушката Република, позната и како Дубровничка Република, денешен Дубровник во Хрватска.

Тогашната република имала активно пристаниште низ кое влегувале луѓе и стока од целиот свет. Кога се појавила чумата во 14 век, републиката донела закон со кој сите трговци и морнари, заедно со производите што биле донесени од региони во кои имало чума, морале да поминат еден месец во карантин. Трговците и морнарите можеле да излезат од карантинот на крајот од периодот само доколку биле целосно здрави.


Фото: Pixabay

Карантините се спроведувале на островите Мркан, Бобара и Супетар. На почетокот луѓето биле изолирани на островите и немале покрив над главата бидејќи тие биле ненаселени. Властите сфатиле дека ова е поопасно од самата чума и изградиле дрвени градби.

До средината на 15 век карантините станале комплексни институти со чувари, свештеници, бербери и лекари. Тие биле затворени со висок ѕид за да се спречи бегањето на тие што се во карантин. Оние што не ги почитувале правилата биле казнувани со затвор.

За време на епидемијата подоцна се забранило и внесување стока во републиката, а со тоа се намалил и бројот на трговци што доаѓале во неа. Периодот на чекање во карантин на почетокот бил 30 дена, па подоцна бил зголемен на 40, а од италијанскиот збор за 40 дена потекнува и зборот карантин.


Фото: Pixabay

И покрај мерките што биле преземени, во 1526 година Дубровник бил погоден од чума, па бил целосно парализиран шест месеци. Владата се префрлила во Груж, а шест години подоцна започнала изградбата на големи карантини на островот Локрум.

Во 1560 почнал да се гради карантин и во Плоче. Сите стоки биле чистени кога влегувале во Дубровник за време на епидемијата, но не се обрнувало внимание на мувите и стаорците, кои ја пренесувале болеста. Сепак, случаите на нови заразени од чума се намалиле по изградбата на карантините. Тој во Плоче стои и денес.

Автор: Кошник Патовари
Извор: amusingplanet.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје