X
 06.04.2021 Култура

Ова е најдобриот филмски Џокер на сите времиња. Дали се согласувате?

Џокерот на Хит Леџер е прогласен за најдоброто портретирање на овој лик на сите времиња.

Веб-страницата „LADbible“ неодамна на својот твитер-профил постави анкета за тоа кој е најдобриот Џокер на сите времиња. 77 отсто од гласовите му припаднаа на Хит Леџер за неговото толкување на улогата, 11 отсто на Хоакин Феникс, 7,2 отсто на Џек Николсон и 4,2 отсто на Марк Хамил, од вкупно 23.000 гласа.

Филмот во кој Леџер се појави како Џокер, всушност, беше претпоследната филмска улога, а премиерата на филмот се случи по шест месеци откако тој почина, во јануари 2008 година.

Откако првично режисерот Кристофер Нолан побарал од Леџер да го глуми Бетмен во „Бетмен започнува“, Леџер одбил велејќи дека тој никогаш нема да глуми во ваков вид филм, па улогата му припадна на Кристијан Бејл.

Но, кога му била понудена улогата на Џокер, Нолан не требало многу да го убедува Леџер.

joker
Фото: Screenshot/YouTube

- Кога станува збор за Џокер, Хит Леџер ме избра мене. Едноставно беше одлучен да го направи тоа. Имаше визија за нешто. Сакаше да глуми лик, а потоа малку да престане да работи и да остави времето да помине. Сакаше да биде гладен за улогата. И кога дојде кај мене, јасно беше дека беше во таа состојба: многу гладен. Беше подготвен да направи нешто и да го поседува тоа - и токму тоа го направи - вели Кристофер Нолан.

По неговата смрт, таткото на Леџер во документарец го покажа личниот дневник/бележник на Леџер кој го пополнувал додека се подготвувал за улогата. Дневникот покажа колку бил посветен.

- Со недели беше затворен во хотелска соба. Тој го галванизираше претстојниот лик и тоа беше нешто типично за Хит. Сакаше да се нурне во неговите ликови, но овој пат беше нешто многу поголемо - вели неговиот татко.

Посветеноста на Леџер во оживувањето на Џокер не помина незабележано, бидејќи постхумно доби „Оскар“, „Златен глобус“ и БАФТА за неговата улога.

Извор: LADbible.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура