Научниците откриле нов вид клетки кои се наоѓаат во човечките бели дробови. Новооткриените клетки играат клучна улога во функционирањето на респираторниот систем и би можеле да доведат до нови третмани за некои болести, според истражувачите.
Клетките се наоѓаат во малите цевки познати како бронхиоли и се слични на матичните клетки, а се способни за третирање на оштетени клетки во алвеолите во белите дробови.
Нивните главни функции се да лачат молекули кои ја одржуваат течната обвивка околу бронхиолите, со што се спречува колапс на малите дишни патишта. Тие може да служат и како замена за специјален вид алвеолни клетки кои лачат хемикалија за поправање на оштетените алвеоли.
Фото: Pixabay
Истражувачите ги откриле новите клетки откако анализирале примероци од ткиво на бели дробови од здрави луѓе за да ги откријат разликите помеѓу белите дробови на луѓето и глувците. Тие ги анализирале гените во посебните клетки и на тој начин ги откриле претходно непознатите клетки кај луѓето.
Истражувачите ги пронашле истите клетки и кај ласиците, чиј респираторен систем е посличен на човечкиот. Истражувачите претпоставуваат дека повеќето цицачи со слична или поголема големина веројатно го имаат овој вид клетки.
Овие клетки може да играат клучна улога во некои болести предизвикани од пушењето, како хронична опструктивна белодробна болест (ХОПБ), според истражувачите.
Извор:
Live science
Насловна фотографија: Pixabay