Тим на научници од Универзитетот во Арканзас успешно тестира ласер што може да ги пронајде клетките на ракот и да ги убие без да влегува под кожа.
Ласерот е целосно неинвазивен и има потенцијал за значително да ја запре прогресијата на метастазите - вели Владимир Жаров, автор на трудот.
Идејата е да се убијат клетките на ракот пред да почнат да метастазираат или да се прошират низ телото, што е главна причина за смртните случаи поврзани со ракот. Преку ласерот, овие циркулирачки туморски клетки апсорбираат далеку повеќе топлинска енергија отколку обичните клетки. Топлината предизвикува нивно проширување и уништување.
- Употребата на ласерите го револуционизира дијагностицирањето и лекувањето. Но, големината на ласерите спречуваше тие да се употребуваат во многу медицински случаи на клеточно ниво - изјави Жаро во 2017 година.
Резултатите се ветувачки. Со ласерот кај еден пациент биле уништени 96 отсто од туморските клетки и тоа пред да се приклучи ласерот на максимална моќност.
Ова не е првиот уред од ваков вид, меѓутоа, Жаров тврди дека е прв
употребен кај луѓето што има уште една предност: може да скенира еден литар крв за еден час - далеку побрзо од конкурентните уреди.