X
 19.05.2022 Наука

Откриени организми стари 830 милиони години, заробени во кристали

Геолози откриле мали остатоци од прокариоти и алги во кристали од халит стари 830 милиони години. Овие организми би можеле и да бидат живи. Ова би можело да биде нов начин на продлабочување на нашето разбирање за животот на планетата во минатото.

Халит е минерал составен од натриум хлорид и е познат и како камена сол. Истражувачите велат дека овој природен минерал би можел да биде извор за истражување на историјата на Земјата, но и на други планети, како Марс.

Организмите што биле откриени во халитот се заробени во течност која останала при формирањето на кристалите. Биле пронајдени прокариотски и еукариотски клетки во течност заробена во кристалот. Оваа течност ги има температурата и хемискиот состав од времето кога се формирал минералот.

Геолозите ги откриле организмите во примерок собран во Западна Австралија во 1997 година, а во работата користеле неинвазивни оптички методи без да го оштетат халитот.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука