X
 07.04.2024 Образование

Студентскиот град во Белград се проширува според идејно решение на архитекти од Турција

Градот Белград до 28 март го стави на јавен увид урбанистичкиот проект за комплексот „Студентски град“, со детален елаборат на првата фаза од изградбата на ГП 9.Ј4-1, во Катастарската општина Нови Белград.

Носител на проектот за урбанизам е „Енергопроект урбанизам и архитектура“ од Белград, одговорен проектант е Марко Петровиќ, а инвеститор е Република Србија, односно Министерството за образование.

фотоизвор: Energoprojekt urbanizam i arhitektura 

Идејно решение на архитекти од Турција

Основа за изработка на урбанистичко-техничката и проектната документација е решението на истанбулското студио „Ноус архитектура“, чии автори се Џихан Севиндик и Сидик Гувенди, односно победничкото дело на меѓународниот натпревар од 2022 година, реализирано со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации за развој (УНДП).

Изградбата на зградите од постојниот комплекс е планирана во фази, на тој начин што ќе се дефинираат две фази на изградба на зградите.

Првата фаза опфаќа изградба на нов сместувачки капацитет со две ламели, за околу 950 студенти, додека втората фаза опфаќа реконструкција и доградба на постојните сместувачки капацитети на студентските домови.

фотоизвор: Energoprojekt urbanizam i arhitektura 

Две ламели поврзани со пешачки мост

Во рамките на фазата 1 е предвидена изградба на две ламели (Р+9 и П+8), кои меѓу себе се поврзуваат со топла врска, уредување на партерниот простор, придружни објекти на техничкиот блок, со приклучок на новопланираните објекти до јавната инфраструктура и преместувањето на атмосферскиот и фекалниот колектор, надвор од зоната на новиот објект во рамките на парцелата.

Бруто-површината на Ламела 5Г е 17.323 m², додека бруто-површината на Ламела 5Ф со пешачкиот мост е 9.922 квадратни метри. Во приземјето на двете згради биле проектирани работилници, читалници и училници, како и канцеларии и кулоари за раководството и вработените. На првиот кат биле дизајнирани работилници за студенти, како и канцеларии за вработени. На следните катови двокреветни соби за студенти, со тоалет и тераса.

Сите соби ќе имаат гардероби, два кревети и работни маси, согласно стандардите за студентски домови, а по избор и мини-кујна (мини-фрижидер, шпорет, мијалник).

фотоизвор: Energoprojekt urbanizam i arhitektura 

До просториите се проектирани широки ходници со отвори во панелите, кои се лизгаат хоризонтално и на овој начин визуелно и просторно ги поврзуваат сите катови. Дел од коридорот на секој кат е составен од заеднички простори за студентите. Предвидено е на покривите да се постават соларни панели, кои ќе произведуваат електрична енергија исклучиво за сопствените потреби на објектот, како и сончеви колектори за добивање топлинска енергија.

Со идејното решение кое е составен дел на овој урбанистички план проектирани се 475 двокреветни соби, од кои 10 се соби за лица со попреченост, односно вкупниот број на студенти кои можат да се сместат е 950.

Извор: gradnja.rs

Фото: Energoprojekt urbanizam i arhitektura 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование