X
 09.05.2016 Технологија

Бесплатни туторијали и корисни алатки за архитектите

Доколку би можеле да научите само еден програм, освен основните програми за моделирање, „Фотошоп“ би бил еден кој најчесто се препорачува. Се работи за богат програм кој е корисна алатка за архитектите, иако е создаден за фотографи. Доколку не знаете како да го користите овој програм и ви е потребна помош, погледнете ги следните.


1. Доколку сте нови со „Фотошоп“, ова 30-минутно видео ќе ви ги покаже основите за користење.



2. „CGarchitect“ е една од највлијателните интернет-страници за визуелизација која се користи од страна на архитектите. Таму ќе пронајдете извори и туторијали за архитектите и уметниците.

3. „RonenBekerman.com“ е извор за учење на сите аспекти на тродимензионалното архитектонско визуелизирање. Таму има текстови и туторијали за моделирање и рендерирање со разни програми.

4. Доколку барате место за да се потсетите на вештините во „Фотошоп“, но и други програми, одете на visualizingarchitecture.com.

5. „Sketchup artists“ е уште еден добар извор на туторијали доколку користите програма „Sketchup“.

6. „PixelFlakes“ е мала, но моќна фирма која нуди корисни техники, особено со „Фотошоп“. Нивната интернет-страница е комбинација од портфолио, блог и водич со туторијали.

7. „Digital arts online“ е одличен извор за инспирација за дигиталните уметници низ светот. Нивниот туторијал за „Фотошоп“ ќе ви ги покаже основите за користење на програмот.

8. „Photoshop.Architect's“ е канал на „YouTube“ на кој ќе најдете многу туторијали за „Фотошоп“, но таму ќе научите и повеќе за некои нетрадиционални методи на моделирање и процесирање.

9. „CGArena“ нуди бесплатни работи како туторијали наменети за уметници, но најмногу за архитекти.

10. „Evermotion“ нуди туторијали за повеќе програми кои ги користат архитектите и дизајнерите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија