Досега се собрани над 16 милиони денари, или околу 260 илјади евра преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ.
- Граѓаните и овој пат ја покажаа својата солидарност на дело. Заклучно со 10.2.2023 година преку донаторските телефонски линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 16.095.831 денари - информираат од Црвениот крст.
Од хуманитарна организација известуваат дека правните субјекти и физичките лица освен финансиска помош, можат да донираат и материјални добра, согласно приложената листа со потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турција и турската Црвена полумесечина и тоа: зимски семејни шатори, ќебиња, греалки, церади, вреќи за спиење.
Освен тоа, на листата се ставени и столови на расклопување, кои се претвораат во кревет, креветчиња на расклопување, фенери, кујнски сетови и храна и средства за хигиена.
- Задолжително сите донирани артикли да бидат нови. Приоритет да се става на зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња - потенцираат од Црвениот крст.
Од хуманитарната организација потсетуваат заинтересираните да донираат и парични средства.
Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
Како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски телеком и А1.
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO. 3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Извор: МИА