Јужниот дел на Турција беше погоден од земјотрес рано утринава кој се почувствувал и во Сирија, Либан и Израел. Земјотресот со јачина од 7,8 степени имал епицентар на околу 30 километри од Газиантеп. Околу 11 минути по овој земјотрес бил почувствуван уште еден со јачина од 6,7 степени.
Медиумите пренесуваат дека загинале над 200 луѓе во Сирија и Турција, а се срушиле повеќе згради, заробувајќи луѓе под урнатините.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, известил дека се испратени спасувачки единици за да им помогнат на луѓето заробени под урнатините. Истовремено, Италија испратила предупредување за опасност од цунами поради земјотресот.
Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат каква е ситуацијата во погодените региони.
Насловна фотографија: Twitter