Сите знаеме дека одлично е да добиете совет за тоа како изгледаат вашите материјали за апликација. Некој кој ќе ви каже дека вашето CV изгледа добро, и некој кој ќе ве посоветува за вашите граматички и правописни грешки.
Но, некогаш нема кој. Што треба да направите во тие моменти?
1. Замислете дека сте друга личност
Знаете зошто сте совршени за оваа работа. Тоа е одлично, но поради вашето субјективно мислење може да не ги забележите грешките во вашето мотивационо писмо. Затоа, запрашајте се себеси, ако некоја непозната личност ви го даде вашето мотивационо писмо, какво би било вашето мислење за него? Дали би мислеле дека заслужувате да ја добиете работата и дека вашето искуство може да се имплементира во идната работна позиција?
2. Бидете подготвени да преземете ризик
Сигурно сте прочитале илјадници совети кои ви предлагаат да излезете надвор од стандардниот формат на мотивационото писмо: „Здраво јас сум Сара и аплицирам за таа и таа позиција“. Кога ќе го смените воведот, и ќе фрлите малку „зачин“ на работите, ќе сфатите колку можете да бидете креативни.
Исто така, најдобрите мотивациони писма се и најраизични. Соберете храброст, изнесете ја вашата мотивација и креативност и на креативен начин напишете зошто сте совршени за таа работна позиција.
3. Проверете го писмото
Прв чекор: Проверете да не имате правописни грешки и не го прескокнувајте овој чекор.
Втор чекор: Испечатете го - единствен ефективен начин за да го прочитате со цело внимание е да го тргнете од вашиот екран и да го имате пред вас на хартија.
Испечатете го и прочитајте го на глас. Ќе бидете изненадени кога на глас ќе си ги прочитате сите грешките и правописни и граматички. Поправете ги грешките.
Мотивационите писма не постојат за да ве малтретираат. Тие постојат затоа што работодавците се надеваат дека тие ќе му дадат карактер на вашето CV и ќе им обезбедат повеќе информации за тоа зошто сте совршени за работата за која аплицирате.