X
 05.01.2015 Образование

Во Финска се укинува ракописното писмо

дете

 

Дигиталната револуција во се` поголема мера ги опфаќа и училишните училници. Една од најновите последици е укинувањето на ракописното писмо во основните училишта ширум Финска од 2016 година. Децата ќе користат само печатени букви.


„Користењето на ракописното писмо и меѓусебното спојување на буквите е тешко за многу ученици“, објаснува Мина Харманен од финското образование за здравство. Таа исто така објаснува дека децата премногу се концентрираат на ракописот, не посветувајќи доволно внимание на суштината на пишаното. Ваквите проблеми децата не треба да ги имаат доколку од почетокот користат компјутери. Оваа реформа најмногу ги радува децата, со оглед на тоа што голем дел од нив повеќе сакаат да пишуваат на компјутер.

Она што во Финска е веќе утврдено, во Шведска и некои други земји нема дискутирање на оваа тема. Очигледно е дека и Шведска ќе го укине ракописното писмо.

Но, постојат критичари кои сметаат дека ракописното писмо и во иднина треба да се учи затоа што пишувањето го подобрува когнитивниот процес на учење. Едно истражување направено во Франција покажува дека децата многу побрзо и подобро учат да читаат доколку го користат ракописното писмо, во споредба со децата кои користат само тастатура. До слично сознание дошле и научниците од Америка кои заклучиле дека учениците подобро помнат белешки кои се напишани со рака.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование