X
 12.04.2015 Образование

Вештини кои студентите мора да ги поседуваат

Образованието традиционално отсекогаш било фокусирано на читање, пишување и аритметика. Сепак, со оглед на растењето на технолошката иновација и со оглед на тоа што токму технологијата управува со промените во светот, едукаторите мораат повторно да ги евалуираат вештините кои ги предаваат за на нивните студенти да им овозможат најдобри можности за успех на училиште, факултет, работата и животот.

 


Ова природно води до прашањето кои се овие вештини?

Разбирање и учење на овие вештини


За да се инкорпорираат вештините кај студентите и да се развие нивната способност во одредена област, наставниците прво мора да разберат какво значење имаат овие вештини.

Лидерство

Луѓето дискутираат за лидерството со векови, и созаваат широк спектар на различни дефиниции и теории за тоа што значи овој термин. Додека сите заинтересирани во ова поле треба да истражуваат понатаму самите, добро место да започнат со основите на разбирањето на овој термин е училиштето.

Можеби уште поважно за наставниците е да го развија концептот на лидерството и со тоа ефективно да ги научат студентите да бидат лидри. Лидерството не е повеќе неопходност на моќни индивидуалци кои ќе им наредуваат на другите. Лидерството е поттикнување на соработка, работење кон исполнување на заеднички цели и делување како лидер во било која ситуација.

Дигитална писменост

Дигиталната писменост е способност да се користи дигиталната технологија да лоцира, прегледува, користи и да создаде нови информации. За разлика од учењето на лидерски ветини, кои можат да бидат субјективни и разбирливи по природа, подобрувањето на дигиталната писменост за учениците генерално е конкретен процес, со широк спектар на достапни алатки.

Всушност, за многу наставници, тешкотиите при учењето на овие вештини може да потекнуваат од недостатокот на знаење од страна на самите наставници во однос на нивните ученици.

Креативното вклучување на дигиталното учење во наставните планови и одржување на интересот на учениците е доста важно за тие да успеат да ја донесат оваа вештина на едно друго, повисоко ниво. Стратегиите можат да вклучуваат користење Скајп, пишување пораки, Твитер или игри.

Комуникација

Во основа, без оглед на јазикот или медиумот, вистински ефективната комуникација е отворена и искрено се споделуваат информациите на начин на кој се создава меѓусебно разбирање помеѓу сите вклучени страни за туѓите мисли, намери и идеи без разлика дали тие се согласуваат или не.

Постојат различни бариери за ефикасна комуникација, такашто учењето на учениците техники за надминување на потешкотиите во комуникациите ќе биде малку потешко. Често пати, тоа им помага да размислуваат за стратегии кои самите можат да ги користат за да ги подобрат сопствените комуникациски вештини.

Надминувањето на физички пречки, вклучувајќи и технолошките и географските е прилично едноставно и бара малку настава надвор од користењето на основите на технологијата.

Емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција претставува вид на социјална вештина која вклучува способност за следење на сопствените и туѓите емоции да се прави разлика меѓу нив и да ги користи информациите за водење на размислувањата и акциите на една личност.

Генерално, емоционалната интелигенција обезбедува силна поддршка на добро балансиран студент. Дел од наставниците несвесно го занемаруваат овој аспект на растење и развој, особено со оглед на богатството на научни истражувања и насоките лесно достапни на интернет. Заедно со комуникацијата, емоционалната интелигенција има суштинско значење за изградба и одржување на односите како во училницата така и на работното место.

Претприемништво


Повеќето луѓе се запознаени со концептот на претприемништво со оглед на тоа што се поврзува со бизнисот.

Со тоа кажано, основите на претприемништвотокако што се креативноста, иновацијата и страста, можат да бидат применети во било кој потфат, без разлика дали станува збор за забавата или јавниот сектор. Некои би рекле дека суштината на претприемачкиот дух е за луѓе кои имаат визија за своето место во светот.

Без оглед на дефиницијата, влевањето и зачувувањето на овој вид на активен мотивиран начин на размислување кај учениците во однос на образованието, е гаранција за подобар успех.

Глобално државјанство

Со дигиталната поврзаност и модерното транспортно намалување на фигуративните растојанија меѓу луѓето, тешко е да се игнорира или да не се прифати фактот што сите сме граѓани на една иста планета и мораме да работиме заедно за да ја зачуваме.

Како дел од ова, неопходно е да започнат учениците да го учат овој факт уште од помала возраст за да можат да го сфатат нивното место во светот. Еден начин е да се започне со глобализирана училница.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование