X
 07.05.2019 Образование

„Оживеа“ книгата „Волкот и седумте јариња“

Издавачката куќа „Просветно дело“ денеска објави бесплатна апликација за „Андроид“ поврзана со нивната веќе издадена книг „Волкот и седумте јариња“, и тоа, во аугментирана реалност!

Станува збор за бесплатна апликација која е достапна на официјалната интернет-продавница за „Андроид“ – „Play Store“. Откако ќе се стартува апликацијата, потребно е само да се насочи телефонот кон книгата и книгата „оживува“. Се појавува приказната во аугментирана реалност!

-Проектот го работевме речиси година и пол. Целта ни беше да постигнеме совршен спој меѓу традиционалното и модерното. Ја избравме оваа приказна како класична приказна од Браќата Грим, позната секому... и ја споивме со модерната технологија. Сега читањето е повторно модерно! Аугментираната реалност во светот на книгите се појавува кај нас за првпат со овој проект и ветуваме дека нема да биде последен – ни изјавија од „Просветно дело“.



Апликацијата „Волкот и седумте јариња“денеска ја промовираа и пионерите на македонската јутјуб манија, GP и STEFFONATOR, кои беа мошне изненадени од она што го видоа!

Погледнете на следниов линк!


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование