Со промоција на книгата „Антонио Митрикески: Хроника на еден филмски сон“ денеска во 12 часот во Кинотеката ќе биде одбележан Светскиот ден на аудио-визуелното наследство. Книгата е комбинација од монографија, биографија, мемоарска проза и критички осврти. Книгата е издание на Кинотеката, а автор е Стојан Синадинов.
Одбележувањето на Светскиот ден на аудио-визуелното наследство го започна УНЕСКО, а потоа го прифатија меѓународните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудио-визуелното наследство. Тие се предводени од Координативниот совет на здруженијата на аудио-визуелни архиви (CCAAA – Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations).