X
 18.08.2015 Култура

Шведски психолог напиша книга која може да го успие секое дете

Родителите кои се мачат секоја вечер да ги успијат децата сега ќе може да заспијат навреме и мирно, и тоа со помош на една книга. Изминатата недела на „Амазон“ најпродавана книга била една мала книга со само 22 страници.


Приказната во книгата е за зајак кој сака да спие. Автор на книгата е шведски психолог Карл-Џоан Форсен Ерлин, кој ветува дека книгата може да ги успива децата со комбинација од реченици и зборови.

„Пушти го целото тело да ти отежни толку за да ти се чини дека паѓаш, како лист, полека долу, долу... Твоите очни капаци се толку тешки...“, пишува авторот во приказната.

Книгата, која чини 12 англиски фунти, станала популарна со брзина на светлината. Згора на тоа, книгата се продавала без маркетинг, што ја прави уште попривлечна.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура