Во октомври стартапот „Ајрон Окс“ ја отвори првата фарма каде што роботи вршат голем дел од задачите кои традиционално се извршувани од страна на луѓето.
Сега производите на компанијата се достапни за купување, што значи дека следната салата што ќе ја изеде некој Американец може да содржи зелена салата одгледувана од робот по име Ангус - футуристички пример за тоа како технологијата го трансформира и земјоделството.
Засега стартапот продава само три вида растенија, кои се носат во продавница и постојано се распродаваат.
- Имаме технологија, роботи и вештачка интелигенција кои ни помагаат да ги одгледаме растенијата, но она што е навистина впечатливо е самиот производ. Тука се мирисот на босилекот, бојата, свежината - вели Брендон Александар, извршен директор на компанијата.
Дел од свежината може да се припише на само 6-те милји растојание меѓу роботската фарма и продавницата.
Благодарение на технологијата, на оваа фарма ѝ е потребен многу помалку простор за разлика од традиционалната фарма, што е клучен момент за кој компанијата се надева дека еден ден ќе обезбеди пристап до свежи и пристапни производи за сите, а сега кога производите на „Ајрон Окс“ се веќе во една продавница, компанијата е чекор поблиску до остварување на
целта.