X
 08.02.2019 Живот

Роботите веќе ги заменуваат новинарите

Додека печатените медиуми што се занимаваат со економски теми го намалуваат бројот на вработени новинари, сè почесто се ангажираат роботи кои не бараат покачување на плата, не се жалат на прекувремената работа и се многу побрзи од своите колеги од крв и месо кога треба да се соопшти пад или пораст на цените.

Вестите што се пренесени од страна на роботи се сè помногубројни и сега веќе една третина од информациите што ги емитува агенцијата за економски вести „Блумберг“ се резултат на работа на роботи-новинари.

Системот што го користи компанијата, Сајборг, може во најкраток можен рок до новинарите да испорача информации кои се однесуваат на кварталните приходи на сите значајни американски компании.

Роботот може да ги разложи податоците на сите барани елементи што се потребни за да се поднесе извештај за приходите и расходите на компаниите секој квартал. Тој вид извештаи не се многу популарни меѓу новинарите кои се занимаваат со финансии бидејќи се досадни, а роботот не се жали.

Роботот му помага на „Блумберг“ во трката да се биде прв меѓу конкуренцијата.

Роботите не се само неуморни и брзи да ги соопштат финансиски важните податоци, туку и спортските резултати или вестите за земјотресите.

Уредништвата на пишаните медиуми што користат роботи тврдат дека тие нема да ги загрозат добрите новинари, туку ќе им ослободат време за да можат да се занимаваат со пишување коментари, анализи, репортажи итн.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот