X
 27.05.2016 Економија

Македонецот Вуко Каров предвидува светла иднина за земјоделието


analiticar

 

Од лозовите насади во Македонија, преку истражувањата во Америка, до водењето на проектот за управување со ризикот на млечните производи во Мелбурн, аналитичарот за храна и земјоделие, Вуко Каров става фокус на меѓународните пазари.

Каров се приклучи на пазарот на аналитичари „Freshagenda“ пред две години и сега работи како висок консултант, на Симулаторот за млечна трговија. Овој симулатор ги дополни глобално млечните насоки чијашто цел е на носителите на услуги да им обезбедат важни временски информации за најверојатните случувања на светските пазари.

„Главниот проект на којшто сум фокусиран е пакетот за глобалната млечна индустрија - успеавме да ги проследиме најголемите светски млечни извозници, на месечна основа и да ги идентификуваме главните трендови во меѓународната трговија и производството“, изјави Каров.

„Сето тоа успеавме да го додадеме во една алатка“, додава тој.

Исто така, тој потенцира дека млечните компании за обработка, трговците и индустриските тела покажаа интерес за пакетот.

„Сметаме дека основите на пазарот семенуваат кон подобри времиња, но мора да се напомене дека тоа се бавни промени. Најголемиот Икс фактор е Европската унија, но ние конечно добиваме знаци од Австрија, Франција и Велика Британија за побавно производство на млеко, такашто дефинитивно цените одат нагоре“, вели тој.


Компанијата „Freshagenda“ е тим кој се наоѓа во Аботсфорд. Тимот содржи специјализирани консултанти и аналитичари кои се фокусираат на прехранбената индустрија. Пред да се приклучи на тимот, Каров работел на оценување на „Farm Bill“ во 2008 година врз културата во Арканзас - оризот, пченката, сојата, памукот и пченицата.

Тој продолжил со работа на Универзитетот во Аракнзас, фокусирајќи се на измените и дополнувањата на стоката и програмите за безбедност на културите.

Во 2009 година тој го завршил истражувањето за неговата магистерска кое било поврзано со проценката на ефектите на фитосанитарните мерки за увоз на свежо овошје во Америка.

Иако тој вели дека не пораснал на фарма, областа во Македонија од кадешто доаѓа е еден од главните региони за производство на вино.

„Дедо ми имаше лозје. Иако не пораснав на фарма, запознаен сум со проблемите со кои земјоделците се соочуваат во преработката и маркетингот на производите“, вели тој.

Тој вели дека областа, на студентите по економија им нуди значајни можности. „Треба да си возбуден за економските истражувања на земјоделските производи - дефинитивно станува збор за мала област, мал број на луѓе го прават тоа низ светот. Ги охрабрувам студентите да ја насочат својата кариера кон оваа област“, вели Каров. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија