Краставиците и доматите се главните состојки на македонските салати. Меѓутоа, оваа комбинација не е толку здрава како што мислиме. Алена Паретску, руски нутриционист, објаснила за што станува збор.
- Речиси сите прават и јадат салата од краставици и домат со некој друг зеленчук, но постојат докази дека сите предности на зеленчуците може делумно да се неутрализираат кога ќе се измешаат во една салата. Се верува дека поради составните компоненти на овие зеленчуци, нивната комбинација предизвикува процес на ферментација во желудникот и цревата. Ова може да предизвика надуеност и воспаление на дигестивниот тракт - објаснила таа.
Доматот содржи голема количина аскорбинска киселина (витамин Ц), а краставицата содржи ензим кој го разградува и неутрализира витаминот.
Освен тоа, краставиците содржат многу вода и влакна, а доматот има многу киселини, па нивната заедничка апсорпција е тешка за дигестивниот тракт, па луѓето со чувствителни црева може да имаат дијареја.
Извор:
Novosti
Насловна фотографија: Pixabay