Нашите пет сетила не функционираат во вакуум, туку се меѓусебно поврзани на
интересен начин. Така, доколку ги затворите очите и го затнете носот, веројатно не би можеле да препознаете дали јадете јаболко или кромид.
Додека јадеме, рецепторите на јазикот може да препознаат текстура и вкус со помош на хемиски супстанции. Овие молекуларни компоненти се многу слични кај јаболкото и кромидот, вели Су-Јеун Ли, професор на Универзитетот во Илиноис.
Јаболкото и кромидот имаат и слична текстура. Човекот може да препознае дали јаде јаболко или кромид со помош на другите сетили и не може да го стори тоа само со јазикот. „Популар сајенс“ направи експеримент за хипотезата.
Автор: Сара Кајли Вотсон