Личноста која ве навредува има само една мисија: да ве повреди.
Сигмунд Фројд рекол: „Силната личност никогаш не го презема товарот на туѓите изјави“.
Како да им возвратите на луѓето што имаат лоши намери кон вас и сакаат да ве повредат?
Не расправајте се, туку мирно и јасно одговорете: „да“.
Моќта на мирното „да“ може да го разреши секој психолошки притисок затоа што едноставно ја лишувате личноста од можноста да ве повреди, потврдувајќи дека го лишувате противникот од неговата цел.
Покрај ова моќно и мирно „да“, важно е да изградите самодоверба. Не дозволувајте туѓата злоба да навлезе во вашето срце. Здравата самодоверба е процена на самиот себе бидејќи кога се познавате себеси, не можете да бидете повредени од лошите зборови на другите луѓе за вас.
- Кога сите луѓе би се проценувале само себеси и не би ги оценувале другите, безобразлукот како феномен би изумрел - рекол Фројд.
Почитувајте се себеси и не дозволувајте токсичните луѓе да ви го уништат животот.