Дали на светот има доволно приказни, книги, филмови и цртани филмови за кучињата и мачињата и нивните речиси невозможни, но неповторливи пријателства? Не, не и засекогаш не.
Ако денот и не ви е баш најубав, можеби е вистински момент да одвоите неколку минути за најновиот специјалитет од кујната на „Пиксар“, кој е посветен токму на оваа тема. На „Јутјуб“ беше објавен пред само неколку дена и веќе има повеќе од пет милиони прегледи, што и не е чудно со оглед на тоа дека приказната е од оние што сме
навикнати да ги гледаме од таа продукција - топла, нежна и облагородувачка.
Ако по гледањето на оваа приказна не се почувствувате барем малку како подобар човек, што да ви кажеме освен дека можеби сте од камен...