Комедијата „Супер момци“ (Superbad) од 2007 година е најсмешниот филм досега. Барем така тврдат експертите што ги анализирале гласовите на гледачите за 125. најпопуларни комедии на веб-страницата IMDb.
Сите во чии рецензии се споменува зборот
смешно и чија оцена е поголема од шест влегоа во потесниот избор за победа.
Во дури 250 рецензии за филмот „Супер момци“ постои зборот смешно, а оцените на гледачите се континуирано високи. Затоа, круната за најсмешниот филм на сите времиња ја добива токму оваа комедија, во која главните улоги ги толкуваат Џона Хол, Мајкл Цера и Сет Роџен.
На второто место се најде „Дедпул“ на Рајан Рејнолдс, во чии рецензии зборот смешно се појави 233 пати. На последното 20. место се најде класиката од 80-тите - „Враќање во иднината“.
Еве како изгледа топ-листата:
1. „Супер момци“
2. „Дедпул“
3. „Скот Пилигрим против светот“
4. „Злобни девојки“
5. „Истерувачи на духови“
6. „Американска пита“
7. „Рок-училиште“
8. „Телохранител на убиецот“
9. „Големиот Лебовски“
10. „Ноќ во музејот“
Фото: Screenshot/YouTube