Земете парче хартија и нацртајте круг.
Сигурно си мислите: колку различни начини има за цртање круг? На пример, можете да започнете од врвот кон дното или од било која друга точка од која е создаден кругот. Можете да го цртате во насоката на движење на стрелките на часовникот или обратно.
Неодамна „Quartz“ направиле анализа на 100.000 цртежи кое биле собрани од играта на „Google“ – “Quick, draw!“ за да видат дали има културолошки разлики во начинот на кој луѓето цртаат кругови. Она што откриле е дека начинот на кој цртате кругови е поврзано со географија и воспитувањето, кое е вкоренето во културолошките навики од местото на живеењето, како и во пишаниот јазик. Нашата култура се рефлектира во нашето однесување, начинот на кој зборуваме, гледаме, нашиот вкус за мусика, за храна, како и нашите вредности и начинот на кој се гледаме себеси.
„Quartz“ откриле дека 86% од круговите во САД биле нацртани во обратна насока од стрелките на часовникот, а во Јапонија 80% ги нацртале во насоката на движењето на стрелките на часовникот. Податоците покажале дека мнозинството од светот ги црта круговите спротивно од движењето на стрелките на часовникот, со исклучок на Тајван и Јапонија.
Варијациите во ракописот откриваат не само индивидуални разлики туку и регионални. Тоа зависи од наставните методи во училиштата, па дури и развојот на моливите и пенкалата низ годините.
Начинот на кој пишувате,
цртате цртежи или форми е резултат на вашето воспитување, начин на едукација низ кој сте поминале, географски регион од кој доаѓате, па дури и социјален статус. Сегашното користење на модерна технологија и електронско пишување, можеби во одредена мера ги намалува културолошките разлики, но можеби е само почеток на пронаоѓање на нови врз основа на начинот на кој пишуваме на Интернет.