X
 15.08.2021 Живот

Анализа на милиони книги покажува дека светот е подепресивен од порано

Дали целото општество може да стане помалку или повеќе депресивно со текот на времето? Група научници водени од професорот по информатика и сметање Џоен Болен се обиделе да го одговорат ова прашање.

Истражувачите барале кратки реченици од еден до пет зборови кои означуваат негативни мисли во книги на англиски, германски и шпански јазик. Со помош на технологијата, тие анализирале над 14 милиони книги на овие јазици објавени од 1855 до 2019 г.

Било забележано значајно зголемување на речениците што се поврзуваат со депресија од 1980 г. наваму. Истражувачите објасниле дека порастот на негативните реченици во книгите одговара со периодот кога се зголемила нееднаквоста во платите во повеќе развиени земји, вклучувајќи ги Германија, Шпанија и земјите од Латинска Америка.

Како друг фактор се споменува развивањето на интернетот, што го поттикнало размислувањето за разликите помеѓу жителите. Сепак, Болен и колегите изјавиле дека се потребни дополнителни истражувања да се потврдат овие теории.

Извор: Open Culture
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот