X
 14.11.2015 Живот

Како цртањето може да влијае на работата на мозокот?

Понекогаш, решението не доаѓа на ум дури и по повеќечасовно размислување. Во вакви времиња се препорачува терапија со уметност, претставена од страна на Викторија Назаревич. Единствената работа што е потребна за оваа терапија се хартија и пенкало. Потоа, почнете да цртате.

За почеток, еве што се препорачува да се црта во однос на чувствата:


Умор - цртајте цвеќиња

Бес - цртајте линии

Болка - нацртајте модел

Здодевност - избојте парче хартија во повеќе нијанси

Тага - нацртајте виножито

Страв - плетете нешто

Грижа - направете кукла

Нервоза - правете оригами

Анксиозност - цртајте дизајни

Носталгија - нацртајте лавиринт

Разочараност - копирајте портрет или слика

Очај - нацртајте го патот надвор од проблемот

За да ја вратите силата - нацртајте пејзаж

Кога не може да ги разберете чувствата - нацртајте автопортрет

За да запомните момент - нацртајте разнобојни дизајни

За да ги смирите мислите - цртајте квадрати или хексагони

Кога ви треба време за да направите вистински избор - цртајте бранови и кругови

За да ја видите крајната цел - цртајте клучни симболи поврзани со целта

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот