X
 21.06.2020 Образование

Универзитетот „Џонс Хопкинс“ нуди бесплатен онлајн-курс за психолошка прва помош

Денес луѓето сè повеќе внимаваат на менталното здравје, па истражувачите нудат непроценлив извор за тоа како да ѝ се даде „психолошка прва помош“ на вознемирена личност. Оваа вештина можете да ја стекнете бесплатно онлајн.

Универзитетот „Џонс Хопкинс“ објави бесплатен онлајн-курс за спроведување „психолошка прва помош“ кај луѓе што страдаат од депресија, вознемиреност или емоционална болка. Курсот стана достапен за јавноста преку платформата „Курсера“, па илјадници луѓе од целиот свет веќе го завршиле. И не само тоа, туку и курсот стана еден од најпопуларните што се нудат на оваа платформа.

Предавач е пионерскиот психолошки експерт д-р Џорџ С. Еверли, коавтор на книгата „Џонс Хопкинс водич за психолошка прва помош“ и коосновач на фондацијата за стрес при критични инциденти.

Курсот, кој е поделен на 30-минутни и 2-часовни лекции во период од 5 недели, опфаќа сè - од рефлективно слушање до приоретизирање и реагирање во ситуации во кои е загрозено менталното здравје.

Поконкретно, курсот опфаќа психолошки модел на реакција наречен „RAPID“ (рефлексно слушање, процена на потребите, приоретизација, интервенција и диспозиција).

Извор: Good News Network
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование