Заљубен 20-годишник бил откриен додека мами на тест, но не онака како што мислите. Тој бил маскиран во друго лице. Во својата девојка.
„
Јаху“ известуваат за обидот на Ајан Жадемов, кој бил очаен да ѝ помогне на својата 17-годишна девојка за време на тест.
Девојката му кажала дека била загрижена за престојниот тест кој требало да биде пресуден за универзитетот во кој ќе студира во иднина. Така, нејзиното момче се сетило на идеја која не била толку добра како што му изгледала на почетокот.
Тој се „маскирал“ во неговата девојка и се појавил на тестот во град во јужен Казахстан. Професорите се посомневале во него кога му поставиле прашање. Ајан се обидел да зборува со висок тон, но било очигледно дека се работи за машка личност.
Оттогаш, локалните жители го нарекуваат „романтичар на годината“. Тој бил казнет, но неговата казна била отплатена од страна на бизнисмен.