X
 07.06.2018 Живот

Глобален индекс на мирот - на кое место се наоѓа Македонија?

Институтот за економија и мир во Америка (IEP) објави нова листа на Глобалниот индекс на мирот според кој во светот е забележано пониско ниво на мир во споредба со изминатата деценија. Причините за тоа, како што е наведено, се долгогодишните глобални конфликти кои и понатаму се нерешени, како и фактот дека Америка и другите светски сили се соочени со политичка нестабилност.

Кога станува збор за Македонија, на глобалната скала таа се наоѓа на 87. место од вкупно 163 земји.

индекс
Фото: visionofhumanity.org


На ниво на Европа, Македонија се наоѓа на 33. место од вкупно 36 земји. Полоши од нас се Босна и Херцеговина, Косово и Турција.

На глобално ниво, од регионот најдобра оцена има Словенија и се наоѓа на 11. место, Хрватска на 27. место, Србија на 54. место, Црна Гора на 58. место и Косово на 92. место.

- Седум од осум најголеми подобрувања се во Источна Европа: Македонија, Црна Гора, Словачка, Албанија, Хрватска и Романија. Сите земји освен Романија забележале подобрување во безбедноста и сигурноста - пишува во извештајот.

Најмирна земја во светот која со години го зазема првото место е Исланд. Веднаш зад неа се Нов Зеланд, Австрија, Португалија и Холандија.

Најопасна земја во светот и понатаму е Сирија, која последното место на оваа листа го држи веќе пет години. Потоа се Авганистан, Јужен Судан, Ирак, Сомалија, Јемен и Либија.

Индексот зеде предвид 23 индикатори на мирот, распоредени во три категории: ниво на сигурност во општеството, домашен и меѓународен конфликт и милитаризација.

Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот