X
 10.09.2019 Живот

Имаме најевтин алкохол во цела Европа

Најскап алкохол меѓу сите 28 земји-членки на Европската Унија плаќаат жителите на Финска, додека најевтин е во Бугарија и Романија, покажуваат податоците на Евростат за 2018 година.

На ниво на цела Европа цената на жесток алкохол, вино и пиво е најниска во Македонија и во Босна и Херцеговина, додека највисока во Исланд и во Норвешка.

Според анализата на Евростат, во 2018 година просечната цена на алкохолните пијалаци во ЕУ била повеќе од два пати повисока во најскапите земји-членки отколку во најевтините земји-членки.

Кога цените во земјите се споредуваат со средната цена на алкохолните пијалаци во ЕУ со индекс на вредност од 100, резултатите покажуваат дека во 2018 година цената на жесток алкохол, вино и пиво била највисока во Финска со индекс на цена од 182, по што следуваат Ирска (177) и Шведска (152).

За споредба, цената на алкохолните пијалаци во 2018 година била најниска во Бугарија и во Романија, двете се со индекс на цени од 74, по што следуваат Унгарија (77), Чешка (82) и Шпанија (84).

Во земјите од регионот најскап алкохол плаќаат жителите на Грција (132), Црна Гора (105) и Хрватска (100), додека најевтин алкохол има во нашата земја и во Босна и Херцеговина (72), по што следуваат Србија (84), Словенија (92) и Албанија (99).

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот