X
 07.06.2018 Образование

Иновативната постдипломска програма за информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на податоци на УИНТ Охрид

Магистерската програма ќе трае две години, по чие завршување студентите ќе се стекнат со називот магистер по информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на личните податоци со освоени 120 ЕКТС


Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ завчера ја промовира постдипломската програма за информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на податоци. Програмата е резултат на партнерството на УИНТ, Охрид, со Универзитетот од Лоџ од Полска и институциите за заштита на личните податоци на Бугарија, Македонија и Полска, а е финансирана во рамките на програмата „Еразмус +“.


- Оваа тема станува сѐ позначајна со оглед на безбедносните ризици во однос на заштитата на личните податоци во време на сѐ поголема дигитализација и користење на услугите базирани на интернет. Од мај Европската комисија веќе ја спроведува општата регулатива за заштита на личните податоци (General Data Protection Regulation), со која сите организации во ЕУ ќе имаат обврска да користат системски решенија за електронска заштита на личните податоци. Исто така, дел од оваа програма е поврзан и со директивата за безбедност на мрежните и информатичките системи (NIS Directive). Со новата студиска програма првпат на УИНТ ќе се воведе опцијатa за обуки на далечина (distance learning), која на студентите им овозможува пристап до знаењата без физичко присуство – објаснуваат од УИНТ.


Студиската програма е двегодишна магистерска програма по чие завршување студентите ќе се стекнат со називот магистер по информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на личните податоци со освоени 120 ЕКТС.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование