На 13 и 14 септември (четврток и петок) на
Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид ќе се врши прием на студенти во вториот уписен рок.
УИНТ е единствен универзитет во Република Македонија каде што студентите можат да студираат на англиски јазик под менторство на професори кои доаѓаат од познати универзитети од САД, Британија, Јапонија, Италија, Израел, Бразил, Индија, Јужна Африка, Франција, Португалија, Белгија, Перу, Малезија итн.