До 10 октомври е рокот за пријавување на постдипломски студии на
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Запишувањето на кандидатите е на 18 и 19 октомври.
Запишување ќе се врши на програмите Информатички науки и технологии и Информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита за податоци.
И двете програми се актуелни со можност за усовршување и продлабочување на претходното знаење од областа. Програмата Информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на податоци се воведува од оваа година и нуди увид во најновите достигнувања од областа, што е една од ретките можности за усовршување во таа област, во Македонија.