Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид нуди креативни постдипломски студии во областа на информатичките науки и технологии. Објавен е
конкурсот за втор циклус студии на Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност и тоа програмата за Информатички науки и технологии и Фaкултетот за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика и тоа програмата за Информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита за податоци.
И двете програми се актуелни со можност за усовршување и продлабочување на претходното знаење од областа. Програмата за Информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на податоци, е новина која се воведува од оваа година и нуди увид во најновите достигнувања од областа.
Рокови за пријавување се во периодот од 10 септември до 10 октомври, а запишувањето на кандидатите е на 18 и 19 октомври.