X
 07.06.2018 Забава

Kако Путин прославил еден роденден со кинескиот претседател

Рускиот претседател Владимир Путин опиша како го прославил својот 61. роденден со кинескиот претседател Си Ѓинпинг.

- Мислам дека претседателот Си Ѓинпинг е единствениот од сите светски лидери со кого морав да прославам еден од своите родендени. Со ниеден странски колега не сум имал таков однос и работен распоред да треба да го прославам својот роденден, но со претседателот Си Ѓинпинг го направив тоа - рече Путин во интервју за Медиумската корпорација на Кина пред неговата посета на Кина од 8 до 10 јуни.

И иако сите би помислиле дека прославата била луксузна, со многу гости и торти, тоа сепак не се случило.

- Нема да кријам, испивме по една чаша вода и пресековме колбас - објасни Путин.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава