Доколку мислевте дека Русија нема своја „Силициумска долина“, се лажевте. Во изолираните региони во Сибир, на 2.000 милји од Москва, се наоѓа градот Академгородок.
Се работи за релативно мал град сместен среде шума во Новосибирск, Русија. Тука температурите се движат од 40 степени до - 40 степени, но градот е еден од најнапредните во моментов во земјата.
Градот бил изграден во 1957 година, кога станал дом на најголемите умови во Русија. Градот се сметал за научно и образовно легло во Сибир.
Градот бил оставен да пропадне со години, но сега оживува повторно. Во него се отвораат барови и кофулиња, а новата генерација инженери се селат таму за да работат и да ја создадат новата интелектуална елита.
Некогаш, Академгородок бил дом на 65.000 научници со нивните семејства.